Ким Катрал, дефинитивно, не се враќа во ликот на Саманта

Ким Катрал го потврди она што сите фанови на „Сексот и градот“ го знаеја длабоко во срцето: дека кусото појавување, односно една сцена снимена без да биде на истиот сет – или дури и директно да разговара со која било од своите поранешни колешки – е единственото враќање во серијата што таа некогаш ќе го направи.

66-годишната актерка само накусо, со камео-појавување, ќе ја репризира улогата на Саманта Џонс во претстојната втора сезона на спиноф-серијата. Таа е децидна дека тоа е еднократна улога и дека нема намера повторно да глуми публицист во иднина.

Говорејќи на „Тудеј“, таа рече дека не планира да се вратам во новото поглавје „И, едноставно, така“. „Толку е од мене. Ова е најдалеку до каде ќе одам“.

Сепак, Ким откри дека нема да се збогува со своето алтер его бидејќи сè уште е емоционално приврзана за неа.

„Мислам дека никогаш нема да се збогувам со Саманта. Таа е како многу други ликови што ги глумев со текот на годините. Многу емотивно се врзувам и ги заштитувам моите ликови. Таа ми даде толку многу и јас ја ценам многу“, објасни Ким.

Актерката, која е во расправија со поранешната колешка Сара Џесика Паркер, била уверена од страна на шефовите на серијата дека сакаат да ѝ биде што е можно поудобно пред да се согласи да се појави во камео-улога.

„Беше вистинско искуство кога главниот извршен директор на Home Box Office (ХБО) ви се јавува и ви вели: „Како да го направиме ова? Сакам да се забавуваш, сакам да ти биде удобно“, рече Ким.

„Тој рече ‘да’ на сè што сметав дека е правилно за мене“.

Актерката, која е во врска со Расел Томас, имала прекрасно попладне снимајќи го камеото. „Почнавме да снимаме, мислам околу пладне, и завршивме околу четири часот“, рече таа.

„Јас и мојот партнер Рас отидовме дома и се напивме суво мартини“.

Кога водителката Џена Буш Хејгер ѝ рече: „Знаете што, тоа всушност би го направила Саманта!“, Ким ѝ одговори: „Ча-чинг. Да“.

Треба да знаете
Последни објави