Сојузниците на НАТО денеска се договорија да му го продолжат мандатот на генералниот секретар Јенс Столтенберг за уште една година, до 1 октомври 2024 година, соопштија од алијансата.
-Одлуката ќе ја потврдат шефовите на држави и влади на НАТО на самитот во Вилнус. Сојузниците му се заблагодарија на генералниот секретар за неговото лидерство и посветеност, кои беа клучни за зачувување на трансатлантското единство во услови на невидени безбедносни предизвици, се вели во соопштението.
-Почестен сум од одлуката на сојузниците на НАТО да го продолжат мојот мандат како генерален секретар. Трансатлантската врска меѓу Европа и Северна Америка ги обезбедува нашата слобода и безбедноста речиси седумдесет и пет години, а во сè поопасниот свет, нашата голема алијанса е поважна од кога било, рече Столтенберг.