Ѓоковиќ: Не го прифатија предлогот па градот Белград што сака нека прави со тениските терени на Дорчол !?

Еден од најдобрите светски тенисери Србинот Новак Ѓоковиќ на 25 мај му ги врати во владение тениските терените на Дорчол на градот Белград. За овој свој потег легендарниот Ноле првпат проговорил поопширно пренесуваа српските медиуми. Тој одлучил да изгради своја тениска база и клуб на нова локација, а можеби воопшто нема да биде реализирана неговата идеја во Србија, пишува српска Нова.

– Продолжувам со нови проекти, а во следните неколку години нешто ќе се оствари на тој фронт, на друга локација, без разлика дали во Србија или не, ќе видиме – вели Ѓоковиќ и додава:

– Му го враќаме центарот на градот Белград, не знаеме што ќе биде сега, што ќе одлучи градот да прави со тој клуб. Јас пријателски дадов предлог тоа да биде национален тениски центар, што беше желба на Тенискиот сојуз на Србија и на сите нас тениските работници во изминатите 15-20 години. Овој спорт кој ѝ даде многу на Србија заслужува да има тениски центар. Тоа беше идеално, но не прифатија.

Најдобриот тенисер во историјата на „белиот спорт“ според освоените 23 гренд-слем титули и неделите поминати на лидерската позиција од АТП рејтинг листата, Ѓоковиќ во Белград ќе нема каде да тренира.

– Што се однесува до мојата база во Белград – тоа сè уште не го знам. Претпоставувам дека ќе биде салата „Гемакс“. Што се однесува до згура и бетон на отворено, ќе видиме. Можеби и салата „25 мај“, во зависност од тоа кој ќе влезе таму и како тоа ќе се спроведе – вели Ѓоковиќ.

Српските медиуми пишуваат дека едно е сигурно – Новак нема да има повеќе ништо заедничко со терените во Дорчол и дека самиот се ставил во ситуација во која не сака да биде откако не добил дозвола за проширувањето, па сега ќе се сврти кон други опции.

Она што е сигурно е дека на Ѓоковиќ му треба тениски центар за да може да се подготви за турнирите кои ги има во текот на годината, потребна му е вистинска база.

Претходно се шпекулираше дека Новак сака да изгради вистинска академија во Дорчол да ја прошири со нови објекти, по примерот на други вакви академии во светот.

Треба да знаете
Последни објави