Барселона го потврди доаѓањето на Мартинез

Ињиго Мартинез е нов играч на Барселона, потврди клубот на својата интернет страница. Шпанскиот репрезентативец пристигна во клубот како слободен играч откако му истече договорот со Атлетик Билбао.

Мартинез договор на две години, а шпанскиот шампион го заштити со клаузула од 400 милиони евра.

Играјќи за Реал Сосиедад (2011-2018) и Атлетик Билбао (2018-2023), Мартинез има собрано повеќе од 350 настапи во Ла Лига. Постигна 22 гола и седум пати асистираше. Мартинез е најскапиот играч во историјата на Атлетик Билбао. Во 2018 година клубот од „Сан Мамес“ за него плати 32.000.000 евра.

За Шпанија има одиграно 20 натпревари.

Ињиго Мартинез е второто засилување за Барселона во актуелниот преоден рок. Претходно, исто така како слободен играч, во Барселона се пресели Илкај Гундоган.

Треба да знаете
Последни објави