Министерот Бектеши на настан во рамки на проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем“

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе се обрати на настан во рамки на проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем“, што го спроведува Консалтинг за стратешки развој со финансиска поддршка на Агенцијата на САД за меѓународен развој-УСАИД.

Како што е најавено, ќе бидат доделени грантови на деловни здруженија и ќе бидат презентирани наоди од анализата за влијанието на кризите и ефектот на мерките врз развојот на претпријатијата. 

Проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем“, има цел да придонесе кон подобрувањето на продуктивноста, растот и конкурентноста на микро, малите и средните претпријатија и нивното прилагодување на кризните економски состојби преку подобрени услуги на деловните здруженија во Северна Македонија.

Како што најавија организаторите, на настанот насловен „Зајакнување на прилагодливоста и растот на микро, малите и средните претпријатија“ ќе се обратат и претставничката на канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија, Џери Дајбл,  извршната директорка на Консалтинг за стратешки развој, Кристина Хаџи-Василева, раководителката за управување со грантови во Консалтинг за стратешки развој, Валбона Морина Максут и Сергеј Зафироски од истражувачката агенција Инсајдер ИД. 

Треба да знаете
Последни објави