Мултимедијален настан во знак на отпочнување на серија на настани под името „Остави трага“

„Дојди ја раскажи ја својата приказна – Остави трага“ е мултимедијален настан што вечер ќе се одржи во паркот на Франкофонијата во Скопје. Целта на настанот е да се поттикнат младите да го зголемат нивното општествено учество, нивна активација и подигање на свеста за еднаквоста во општеството.

Настанот е во знак на отпочнување на серија на настани под името „Остави трага“ која се однесува на млади лица, а ќе ја спроведува Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи заедно со Министерството за труд и социјална политика и со поддршка на проектот за борба против омразата и нетолеранцијата од заедничката програма на Европската Унија и Совет на Европа, „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“.

Како што е најавено, во рамките на настанот ќе се реализира панел дискусија под името „Еднаква, своја, успешна“ на која учество ќе земат министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, проектната раководителка од Програмската канцеларија на Совет на Европа, Марија Андреева, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски,студентската правобранителка, Викторија Постоловска и претставничката на Пивара Скопје,Александра Бабамова.

Настанот ќе го модерираат Огнен Јанески, Ана Јовковска и Зорана Антовска, а официјално ќе го отвори групата „Шербет“. За време на настанот ќе биде изведена мини пиесата „Среќа“ на Интимен театар Битола, додека дел од студентите на Меѓународниот Балкански Универзитет – Факултетот за уметност и дизајн, ќе изготват уметнички дела на платно.

Треба да знаете
Последни објави