Силна експлозија потресе град под руска окупација: најмалку 25 повредени

Во експлозија за време на артилериски оган во градот Макиивка во источна Украина, ранети се 25 лица, соопштија руските власти. Шефот на регионот Доњецк, назначен од Москва, Денис Пушилин, во средата наутро на својот канал на Телеграм изјави дека меѓу повредените има и две деца во нападите врз градот, што го презедоа руските сили во 2014 година.

„Експлозијата ја почувствуваа повеќето жители на Макиивка и Доњецк“, рече тој. Според Пушилин, оштетени се станбени згради, болница, училишта и градинка. На украинскиот канал на Телеграм, СтратКом беше објавено видео на мобилен телефон од силна експлозија во градот, за која се тврди дека се работи за напад на руска воена база.

Треба да знаете
Последни објави