Израелец и неговите два сина се уапсени во Турција поради бизарен обид да се качат во авион на меѓународниот аеродром во Истанбул.
Тројцата патници го пропуштиле повратниот лет за Израел кога стигнале до авионот веднаш по затворањето на вратите, по што направиле чуден потег.
ישראלים פספסו את הטיסה – ונעצרו אחרי שקפצו מהשרוול כשניסו לעצור את המטוס | תיעוד מאיסטנבולhttps://t.co/nFD08bvt0T
— החדשות – N12 (@N12News) July 4, 2023
צילום: לפי סעיף 27א' pic.twitter.com/HhmrpT4TdC
Тие скокнале на мостот за качување што води до леталото откако авионот почнал да се оддалечува и на тој начин се обиделе да го спречат неговото полетување.
На видеото се гледа како еден од Израелците скока од мостот на авионот на пистата и се приближува до авионот, очигледно како дел од нивниот обид да го запрат летот.
Обезбедувањето ги привело на лице место и ги однело во полициска станица.
Израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека е запознаено со инцидентот и дека конзулатот во Истанбул се занимава со него, пишува „Тајмс оф Израел“.