Уставниот суд ќе ја разгледува иницијативата на Трајанов за Изборниот законик

Уставниот суд ќе ја разгледува иницијативата на Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз, во врска со Изборниот законик со кој се фаворизираат четири партии и не се обезбедени услови за рамноправен политички натпревар.

Со иницијативата, како што објаснија од Демократскиот сојуз, се бара укинување на законски решенија со кои на две партии од власта и две партии од опозицијата им се обезбедува 90% од медиумскиот простор, финансирање на изборна кампања, простор за реклама, како и во целина финансирањето на партиите преку партиски институти итн.

„Со овој закон се загризува политичкиот плурализам, што е спротивно на Уставот и воопшто на демократските правила за демократски и фер избори“, истакнуваат од ДС.

Седницата ќе започне во 9:30 часот, во просториите на Уставниот суд.

Треба да знаете
Последни објави