Голема полициска акција се одвива утринава на подрачјето на Скопје. Македонската полиција, засилена со специјалци, врши претреси на многу локации, но не само во Скопје, туку претреси се вршат и во Битола и во Ресен. Притоа, како што дознаваме, лишени од слобода се повеќе од 15 криминалци, а при претресите биле пронајдени поголемо количество муниција и други предмети поврзани со кривични дела. Од МВР потврдуваат дека во тек се претреси, а за целта на оваа голема полициска акција и за крајниот исход од претресите повеќе информации најавуваат во текот на денот.