Шпанија и Англија на убедлив начин со закажаа финале на ЕП за играчи до 21 година

Шпанија ја растури Украина (5:1), а Англија беше убедлива против Израел (3:0) во денешните полуфинални мечеви на Европското првенство за фудбалери до 21 година. Ови две селекции на 8 јули ќе играат во финалето на завршниот турнир кој се одржува во Романија и Грузија.

Украина со погодокот на Бондаренко уште во 13. минута поведе и ја налути Шпанија која до крајот доминираше на теренот. По само четири минути игра Руиз изедначи на 1:1, а во 24. минута Санчет погоди за комплетен пресврт и водство на Шпанија од 2:1. Со тој резултат се замина на одморот.

Во вториот дел во листата на стрелците се запишаа: Бланко, Ороз и Гомез за триумф на Шпанија од 5:1.

Англија со погодоците на Гибс-Вајт кој на почетокот од мечот промаши пенал, во 42. минута даде гол за водство, а триумфот го обезбедија во вториот дел Палмер и Аршер.

Треба да знаете
Последни објави