Аргентинската фудбалска ѕвезда, Анхел Ди Марија ги одби парите од Саудиска Арабија и по 13 години се врати во португалската Бенфика, каде ја почна интернационалната кариера во Европа.
Бенфика беше првиот европски клуб на Ди Марија, таму пристигна во 2007 година од Росарио Централ и се задржа три години пред да направи трансфер во Реал Мадрид.
Ди Марија повторно е во клубот од Лисабон со кој потпиша договор до јуни 2024 година.
Бенфика го потврди ангажманот на Ди Марија кој за да си го оствари сонот одби многу побогати понуди.