Легендарниот швајцарски тенисер, Рожер Федерер, минатат година замина во играчка пензија, има само пофални заборви за еден од двајцата свои најголеми ривали во кариерата, Србионот Новак Ѓоковиќ.
Федерер кој во кариерата освои 20 гренд-слем титули, од кои осум на Вимблдон, смета дека Ѓоковиќ е главен фаворит да освои нов трофеј на „неофицијалното тениско светско првенство“ и да се израмни со Швајцарецот. Ѓоковиќ кој е прв на листата со освоени гренд-слем трофеии – 23 со нов триумф би дошол до бројката од 24, две повеќе од Рафаел Надал и четири од Федерер.
„Новак е голем, голем фаворит и мислам дека тоа е одлично за него. Јас имам свои моменти тука. Тој осми триумф или кога победив петпати по ред, тоа беа моите моменти. Ако некој ги израмни или ги надмине тие достигнувања, тоа ќе биде негова работа, негов момент. Се надевам дека Новак ќе го направи тоа, ќе дојде до осмата победа на Вимблдон која би била петта по ред и за него. Ако успее во тоа, неговите успеси ќе останат во историјата на тенисот, ќе отиде над сите нас. Мислам дека Новак е голем фаворит и би бил изненаден доколку повторно не победи на Вимблдон“, изјави Федерер во интервјуто за Си-ен-ен.