На плоштадот „Република“ во Белград вечерва се собраа неколку десетина граѓани да се простата од свирепо убиената тиктокерка Ное Миливојев. Расплакани палат свеќи, оставаат цвеќе и фотографии со проштални пораки, откако исчезнатата 18-годишна тиктокерка Миливојев беше пронајдена мртва во стан во Белград, јавуваат српските медиуми.
Според Телеграф.рс, убиецот и признал се на полицијата. Се работи за 33-годишниот Д.О. кој бил уапсен.
Сомнежите се дека Д.О ја убил, а потоа ја распарчил жртвата, чиишто делови од телото полицијата ги пронашла при претресот на станот.
Поради сомнение дека на свиреп и подмолен начин сторил кривично дело тешко убиство, на осомничениот му е одредена мерка притвор во траење до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде изведен во надлежното обвинителство.
Нова.рс пишува дека делови од нејзиното распарчено тело биле пронајдени во канти и вреќи во станот.
Ноа се сметаше за исчезната од 17 јуни, кога последен пат се слушнала со родителите и им кажала дека ќе оди во Белград со своето момче. Тој тврдел дека таа никогаш не дошла кај него.
Ноа имаше 14 000 следбеници на Тик-ток, а своето последно видео го објави непосредно пред да исчезне, пишуваат српските медиуми.
„Телеграф“ пишува дека Ноа била трансродова жена и дека била родена како Ѓорѓе.