Хрватска има речиси илјада жители кои „тежат“ повеќе од 20 милиони долари. Околу 3,3 милиони граѓани од вкупното население 3.888.529 жители според последниот попис во земјата направен во 2021 година не располагаат со финансии до 250 илјади долари. Податоците се дел од Извештајот за глобално богатство за 2023 година, објавен од Бостонската консалтинг група.
За потребите на ова глобално истражување користени се податоци засновани на Глобалниот систем на национални сметки добиени од централните и комерцијалните банки, пишува Пословни.хр.
Исто така, меѓу жителите на Хрватска се и нешто помалку од 20 илјади граѓани кои поседуваат финансиски имоти вредни од 250 илјади до еден милион долари. А, пак, во вредност од еден до 20 милиони долари е сопственост на 4.100 лица.
Податоците покажуваат дека финансиското богатство во Хрватска бележи годишен раст од 7,1 процент во периодот од 2017 па се до крајот на 2022. Достигнат е износ на финасиско богатство од речиси сто милијарди долари. Очекувањата се дека до 2027 ќе се зголемува со годишна стапка од просечни 5,9 отсто.