Богоев – Ивановска: Борбата против корупција значи поголеми приливи во Буџетот и подобри услуги за граѓаните

Борбата против корупција ќе обезбеди поголеми приливи на јавни приходи и подобрување на услугите кон граѓаните. Ова го истакна директорот на Царинската управа Стефан Богоев на средбата со претседателката на Државна комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска.

Како поважни мерки кои се спроведуваат во моментов се евидентирање на анкетни листови и изјави за интереси согласно одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, а дигитализацијата на царинското работење дополнително овозможува поголема контрола на процесите.

„Намалувањето на коруптивните појави ќе ја зголеми довербата во институциите, а тоа ќе резултира со намалување на сивата економија и ќе овозможи придобивки на сите нивоа, како за граѓаните, така и за подобро позиционирање на нашата држава во процесот на интеграција кон ЕУ” истакна Богоев.

Треба да знаете
Последни објави