Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски и претседателот на Одбојкарската федерација на Македонија, Петар Јовановски, потпишаа меморандум за соработкa за организација на натпревари во групата „Ц” на Европското првенство во одбојка 2023 (мажи) во Скопје.
Скопје од 30-ти август до 6-ти септември е домаќин на група „Ц” на Европското првенство во одбојка за мажи за 2023 година, а овој реномиран спортски меѓународен настан е уште една одлична можност за афирмација на нашиот град како спортско-туристичка дестинација.
Со овој меморандум се воспоставува соработка меѓу Град Скопје, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и Одбојкарската федерација на Македонија, со цел ефикасна координација и техничко-логистичка поддршка за успешна заедничка организација на ова меѓународно спортско првенство.