Поддршка за семејствата и едукација за најмладите, Општина Аеродром обезбедува грижа за дечињата и во текот на летниот период
Во основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Аеродром, ова лето се реализира специјално дизајнирана програма за згрижување и едукација на учениците. Aктивностите се спроведуваат во неколку општински основни училишта, каде Општина Аеродром во соработка со „Светот на Биби“, создаде услови и можност за учење и згрижување на најмладите за време на летните одмори.
Програмата е прецизно изработена од искусни и обучени педагози, наменета за да се грижи за потребите на дечињата, осигурувајќи безбедна средина за нив. Со секојдневните активности низ кои минуваат дечињата, покрај поддршката за згрижување во летниот период, се обезбедува можност за правилен психофизички развој, како и стекнување нови знаења и вештини преку интерактивни работилници, игри и предавања.
Градоначалникот Муцунски изрази благодарност до сите кои придонесуваат за реализацијата на овој проект кој ја права општина Аеродром уникатен пример во грижата за дечињата.
„Грижата за најмладите е високо во нашите цели и приоритети, со ваквите активности создаваме лето исполнето со радост, учење и незаборавни спомени, но и обезбедувајќи грижа и едукација помагаме на семејствата и родителите. Досега, повеќе од 100 дечиња од Аеродром присуствуваат и се дел од оваа програма. Овој проект, ја прави Општина Аеродром уникатен пример во грижата за најмладите.“, напиша на својот Фејсбук профил градоначалникот на општината, Тимчо Муцунски.