Норвешкиот тенисер Каспер Руд е непријатното изненаден во второто коло на треттиот сезонски гренд-слем турнир Вимблдон, од домашниот играч Лиам Броди. Четврторангираниот тенисер на АТП-листата Руд го загуби маратонот од Броди со 3:2 (6:4, 3:6, 4:6, 6:3, 6:0) по повеќе од три и пол часа возбудлив и неизвесен тенис.
Ова е убава вест за Новак Ѓоковиќ, затоа што Руд се сметаше за еден од најголемите негови закани на патот до финалето. Според предвидената ждрепка, четвртиот светски тенисер можеше да се сретне со Ѓоковиќ во полуфиналето.