Поранешниот министер за транспорт врски Миле Јанакиески попладнево е спроведен во затворот „Идризово“ на издржување на затворска казна од три години и шест месеци за случајот „Титаник“.
Иако, Јанакиески бараше од Кривичен да не оди во затвор туку да му биде пресметано времето поминато во притвор, сепак Судијата за извршување санкции издал наредба за негово спроведување во затвор.
Судија за извршување санкции има издадено наредба за спроведување на правосилно осуденото лице за кое прашувате од куќен притвор на издржување на казна затвор со оглед дека обвинетиот веќе бил во куќен притвор во предметот за кој Апелација веќе донесе правосилна пресуда. За сите дополнителни барања и други предлози на одбраната одлучува судија за извршување санкции, управата на затворот доколку се бара прекин или Врховниот суд доколку е поднесено барање за вонредно преиспитување пресуда, велат од Кривичен.