Џенифер Лопез сподели фотографија во костим за капење и собра над милион лајкови

Џенифер Лопез се огласи на „Инстаграм“ во средата за да ги израдува своите 248 милиони следачи во секси костим за капење.

Суперѕвездата (53) претходниот ден присуствуваше на големата забава во елитниот „Хемтонс“, организирана од милијардерот Мајкл Рубин по повод Денот на незавиноста.

Латино-дивата позира покрај базен во едноделен костим во боја на лосос, а во истата објава покажа како ужива во разладениот пијалок и традиционалниот огномет.

„Се надевам дека сите имаа одличен празничен викенд исполнет со љубов, семејство, пријатели и забава,“ напиша таа.

Објавата ја лајкнале 1.187.846 луѓе за само 12 часа, а фановите во коментарите го фалат нејзиниот изглед.

„Изгледаш нестварно“, „Преубава“ се само дел од коментарите на фановите.

Треба да знаете
Последни објави