Невообичаена сообраќајна несреќа се случи попладнево во примпорското градче Цриквенице во Хрватска.
Околу 15 часот и 35 минути во полицијата било пријавено дека на тераса од хотел каде седеле гостите влетал автомобил „тојота“ со хрватски регистерски таблички, објавија хрватските медиуми.
Во несреќата се повредени неколку лица, а повредена е и 76-годишната жена која управувала со автомобилот, инаку хрватска државјанка, јавува 24сата.хр.



