Од почетокот на енергетската криза за прв пат стапката на инфлација во Македонија падна под 10 отсто, според податоците на Државниот завод за статистика. Споредбено со месец јуни минатата година, тошоците за живот годинава во истиот месец се зголемени за 9,3 отсто.
Статистичарите пресметале за да се помине месецот дека се потребни 48.500 денари, што е помалку за 500 денари во споредба со потрошувачката кошничка за мај.
За една година најмногу поскапела храната. Лебот и житата се продаваат по зголемена цена за скоро 27%. Млекото сирењето и јајцата речиси 26%, месото над 25 отсто. Единствено поевтиниле маслата и мастите за 5,3%.
Од министерството за финансии велат дека ова се охрабрувачки податоци, бидејќи инфлацијата е намалена за повеќе од 10 отсто, споредбено со октомври 2022 година кога изнесувала 19,8 отсто. Очекуваат на луѓето од министерството за финансии се дека трендот на намалување на инфлацијата да продолжи и веќе следната година да изнесува околу 2 отсто.



