Печалбарите од администрацијата кога ќе се вратат дома да направат трансфер во приватниот сектор

Вработени во јавната администрација во Македонија земаат  неплатено отсуство од по 3 месеци за одат на печалба во старнство за време на летниот период. Тие заминјуваат на работа за време на летната сезона како сезонски рабоитнци во угостителството. Запрашан за ваквиот тренд на отсуство од работните места, вицепермиерот во Владата Фатмир Битиќи, кој е задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, порача дека најдобро решение е овие админстративци по нивното враќање во земјава да се вработат во приватниот сектор каде има недостиг на работна сила.

-Фактот дека можат да добијат неплатен одмор значи дека нивните работни места не се потребни. Имам еден друг предизвик. Кога ќе се вратат во септември, истите слободно да ги понудиме на приватниот сектор, ќе дадеме стимулирање и за приватниот сектор за да се вработат еднаш засекогаш таму каде што најмногу се потреби, вели Битиќи.

Битиќи нагласи дека во приватниот сектор има недостиг од 10 000 работници, а државата, според него, е подготвена да го стимулира трансферот на ови работници во приватниот сектор со субвенции за придонесите.

Треба да знаете
Последни објави