Со почеток во 12:00 часот , претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со Зоран Ѓоргијев, директор на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката, ќе присуствуваат и ќе се обратат на настан по повод доделување на социјални станови на 27 семејства во Свети Николе.



