ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Меџити ги навредуваат и омаловажуваат болните од цистична фиброза, наместо да им набават лекови ги етикетираат

Ковачевски и Меџити ги навредуваат и омаловажуваат болните од цистична фиброза, наместо да им набават лекови ги етикетираат.

Министерот за здравство Меџити, наместо да застане во одбрана на болните од цистична фиброза, тој нападна еден од нив, кој преку пораки во медиумите очигледно заборавен од системот праќа порака за реакција на власта.

Болните од цистична фиброза имаат потреба од грижата на владата за нив, а не од понижувања од нејзините претставници.

Власта вети дека ќе го реши проблемот, но проблемот со нефостаток на лекот Трикафта не е решен, болните се уште мака мачат.

Владата троши милиони на секакви криминални тендери, само нема пари за потребите на народот. Затоа се потребни промени.

Треба да знаете
Последни објави