Додик поднесе кривична пријава против Шмит и директорот на Службен весник на БиХ

Претседателот на Република Српска Милорад Додик соопшти дека поднел кривична пријава против високиот претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, кого Република Српска не го признава, бидејќи, како што наведува Додик, се занимавал со работите на високиот претставник неовластено подолго време.

Додик на Твитер истакна дека поднел кривична пријава и против директорот на „Службен весник на БИХ“, Драган Прушин, бидејќи, како што наведе, овозможил објавување на одлуките на „т.н. висок претставник“ во тој весник.

„Против Шмит поднесов кривична пријава до Окружното јавно обвинителство во Бања Лука бидејќи тој долго време неовластено се занимава со работите на високиот претставник, за што нема одлука на Советот за безбедност на ОН“, рече Додик пренесува Танјуг.

Тој изјави дека Шмит „со намера да и нанесе штета на Република Српска, лажно се претставува како функционер, знаејќи дека не е назначен во согласност со Анекс 10 од Дејтонскиот мировен договор.

Треба да знаете
Последни објави