Манчестер јунајтед сака да се раздели со четворица клучни играчи ова лето.
Според „Индипендент“ главниот тренер Ерик тен Хег има намера да ги продаде крилото Џејдон Санчо, играчите од средниот ред Фред, Скот Мектоминај и дефанзивецот Хари Мегваер. Овој потег е неопходен за да се направи простор за нови засилувања во претстојниот преоден рок.
Дваесет и тригодишниот Санчо е во Манчестер јунајтед од летото 2021 година. Во сезоната 2022/23, тој забележа 41 настап за клубот, постигнувајќи седум голови и три асистенции.
Триесетгодишниот Фред минатата сезона забележа 56 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи шест гола и исро толку асистенции. Беше објавено дека Реал Мадрид е заинтересиран за него.
Во сезоната 2022/23, 26-годишниот Мектоминај забележа 38 настапи за „Црвените ѓаволи“ во сите натпреварувања, постигнувајќи три гола и една асистенција. Њукасл сака него да го ангажира.
Мегваер кој има 30 години во тимот од „Олд трафорд“ е од 2019 година. Во сезоната 2022/23 Англичанецот одигра 31 натпревар во сите натпреварувања.