Фејсбук статус на Оливер Спасовски
„Вежба на Одделот за воздухопловни единици при МВР со Дирекцијата за заштита и спасување – „Паљурци 2023“
Во изминатиот неколкугодишен динамичен период на развој беше инвестирано во низа неопходни инфраструктурни потреби на Одделот за воздухопловни единици, Хеликоптерската Единица, не само од аспект на материјално-техничките потреби како што се реновираниот објект на Единицата, рампа за десантирање на тимови од воздух, ведро и резервоари за гаснење пожари, туку и персоналното опремување на вработените со летечки униформи и специјална летечка опрема, но и униформи за персоналот за техничко одржување.
Паралелно со ова се работеше и на одржување на високо технолошко ниво – преку редовно ремонтирање на леталата и нивна модернизација, набавка односно надградба на нивната навигациска и радио опрема, ТЕТРА системи за комуникација, како и набавка на опрема на леталата и за оперативни активности од спасувачки карактер, особено во делот на гаснење пожари.
Препознавајќи ги потребите на државата за поуспешно справување со пожарите, а со тоа и подобра заштита на граѓаните и имотот, Единицата беше опремена со 3 хеликоптери марка „Бел”, кои беа оспособени за гаснење на пожари, за да одговорат на потребите на граѓаните. Беше набавено едно ведро за „Бел 212″ и Симплекс резервоар за „Бел 412″ и овие хеликоптери веќе ги видовме на дело.