Стотици демонстранти и покрај забраната маршираа во Париз против полициското насилство

 Стотици демонстранти маршираа денеска во Париз против полициското насилство, и покрај забраната за собири, една недела по немирите предизвикани по убиството на тинејџер во париско предградие.

Полицијата ги растера демонстрантите од плоштадот на Републиката кон булеварот Магента.

Полициската управа на Париз во одлуката објавена на нејзината веб-страница наведе дека ги забранила планираните демонстрации. 

Треба да знаете
Последни објави