ЦО на ЛДП: Остануваме на патот кон интеграцијата во ЕУ, поддршка за уставните измени

Остануваме на патот кон интеграцијата на Северна Македонија во Европската унија, но со силни заложби за владеење нa правото и реформа на правосудниот систем, беше заклучокот од денешната трета седница на Централниот одбор на Либерално-Демократската партија.

Како што изјави претседателката на ЛДП Моника Зајкова, поддршката за уставни измени значи поддршка на европската иднина на граѓаните и напредок на Северна Македонија на евроинтегративниот пат.

-Подготвивме платформа на сериозни законски иницијативи кои ќе придонесат за подобрување на состојбите во правосудниот систем и нулирање на политичкото влијание, додаде Зајкова.

Од партијата соопштија дека подготвуваат локални иницијативи кои треба да продонесат за подобро секојдневие на граѓаните.

ЛДП го закажа тематскиот конгрес за 16 септември и ја усвои годишната сметка на партијата.

Треба да знаете
Последни објави