Саудискиот тим Ал Ахли му понуди договор на тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, објави Марка.
Според шпанскиот весник, Атлетико се уште не разговарал за нов договор со 53-годишниот фудбалски стручњак. Актуелниот договор на Симеоне е до летото 2024 година.
Инсајдерот Николо Шира информира дека Ал-Ахли му нуди на Симеоне двегодишен договор со плата од 40 милиони евра годишно.
Симеоне е на чело на Атлетико Мадрид од 2011 година. Со тимот двапати го освои шпанското првенство, Лигата на Европа и Суперкупот, еднаш Купот и шпанскиот Суперкуп.