Во Белград граѓаните по 10. пат излегоа на улица под мотото „Србија против насилство“

Во Србија по десетти пат се одржа протест на граѓаните против насилство. Протестите започнаа по масовните убиства во белградското училиште „Владислав Рибникар“ и селата Дубона и Мало Орашје во општините Младеновац и Смедерево. Покрај во Белград од 1 јули граѓаните почнаа да излегуваат и на улиците и во другите градови низ Србија изразувајќи го своето незадоволство.

Денешниот протест во Белград, почна од платото пред Народното собрание, од каде граѓаните со блокада на собраќајот по централните улици Таковска и Цвијиќева, дојдоа до Полициската управа на булеварот „Деспот Стефан“, со изразување подршка на сите „чесни полицајци“. За вечерва се најавени протести и во Нови Пазар, Краљево и Крагуевац.

Вчера протести против насилството се одржаа во повеќе градови во Србија, во Нови Сад, Ниш, Јагодина, Зрењанин, Горњи Милановац, Шабац, Зајечар, Врање, Чачак, Пирот.

Барањата на протестот се: смена на Советот на РЕМ (Регулаторно тело за електронски медиуми), затворање на печатени медиуми и таблоиди кои објавуваат лажни вести, невистини и континуирано го кршат новинарскиот код, одземање на националните фреквенции од телевизиите кои ги залудуваат граѓаните, трујат и промовираат насилство, како што се Пинк и ТВ Хепи, оставка на министерот на полицијата Братислав Гашиќ и шефот на безбедоносната агеција Александар Вулин, итно укинување на програмите кои промовираат насилство, неморал и агресија на телевизиите со национална фреквенција, како што се реалните шоуа.

Треба да знаете
Последни објави