Вчеравечер, на еден час по полноќ, на улица во с.Штука, струмичко, 14-годишник од с.Иловица, струмичко, управувајќи мотоцикл „џилера 125“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
„Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица“, велат од МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.