Драма во Сплит: Маж се шетал со експлозив во рака, специјалци ја блокирале улицата

Полицијата и специјалната единица во Сплит ја блокираа станбената зграда на улицата „Сукоишанска“ поради пријава околу 9:30 часот дека е забележан постар жител како оди со експлозивна направа во раката.

На соседите им рекол дека се работи за бомба, поради што се јавиле во полиција. Тој дел од улицата превентивно беше опколен и полицијата започна со интервенција.

Во моментот кога специјалната и интервентната полициска единица планирала да упадне во станот на осомничениот, вратата ја отворило друго лице во станот.

Осомничениот е приведен на дополнително распит при што ќе се утврди за што точно се работи.

Според последните информации, претресот на станот е во тек, а полицијата досега пронашла бомба, но не и експлозивно полнење.

Тие ја продолжија потрагата за да утврдат дали има уште оружје или експлозив.

Треба да знаете
Последни објави