Жена починала на плажа во Хрватска, посетителите не ја приметувале си играле одбојка !

На Сината плажа во хрватското приморско летувалиште Водице утрово се случил трагичен настан. Возрасна жена која на плажа пристигнала со пријателка кога тргнала да влегува во водите на Јадранското море паднала како покосена. Веднаш била повикана брза помош, која стигнала релативно брзо, но обидите на докторите да ја реанимираат биле безуспешни. Жената починала.

-Обидот да биде вратена во живот траеше безуспешно 45 минути. Потоа ја покрија со пешкири, но не целосно. Нозете и останаа откриени. Околу останаа полициски службеници, додека доаѓаа луѓе на плажата и играа одбојка. Не ни забележаа дека на плажата има безживотно човечко тело. Едно дете дури си протрчуваше покрај телото на несреќната жена. Скоро 45 минути никој не се појави да го преземе телото на починатата, по што се појави возило од погребалното претпријатие и го однесе, го раскалжала трагичниот настан за тамошните медиуми една жена кој била сведок на случувањата.

Треба да знаете
Последни објави