Хрватскиот фудбалски интернационалец Ловро Мајер е најновата цел на италијанскиот калчолигаш Интер. Раководството на „нероаѕурите“ смета дека тој би бил добра замена за Николо Барела, кој има понуди од неколку европски клубови, пред сѐ од Премиерлигата.
„Мајер, кого многумина во неговата татковина го нарекуваат „новиот Лука Модриќ“, го разбуди интересот на многумина, вклучувајќи го и Интер, кој мора да бара решение за евентуалното заминување на Барела“, пишува „Калчомерато“.
Ловро Мајер има договор со Рен до летото 2027 година, а се претпоставува дека францускиот клуб за него ќе бара околу 40 милиони евра.