Враќањето на команданти на баталјонот „Азов“ од Турција во Украина представува кршење на договорот со Москва , изјави Дмитри Песков портпаролот на Кремаљ. Според договорот лидерите на „Азов“ требало да останат во Турција до завршувањето на војната во Украина. Според Кремаљ спогодбата ја прекршиле и турската и украинската страна.
Москва не била известена дека се подготвува враќање на борците од „Азов“ во Украина. Песков нагласил дека Турција била принудена на ваков чекор во позадина на неуспешната контраофанзива на Украина, како и пред самитот на НАТО во Вилнус.