Словенечката мегаѕвезда Лука Дончиќ ја запроси својата долгогодишна девојка Анамарија Голтес и тоа го обелодени на социјалните мрежи.
Анамарија, која е манекенка и инфлуенсерка, го следи во неговата кариера и живее со него веќе подолг период.
Интересно е дека Лука Дончиќ одлучи да ја запроси девојката 7.7.2023 година одбирајќи го датумот според неговиот омилен број на дресот „77“ во Далас Маверикс.