Рики Мартин се разведува од сопругот по шест години брак

Рики Мартин се раздели од својот сопруг.

Рики и Џон Џосеф, кои имаат заедно имаат две деца – Рен (3) и Лусија (4), сакаат време за себе во шестгодишниот брак, но ветија дека ќе одржат здрава семејна динамика за доброто на своите деца.

Според магазинот „Пипл“, Рики ќе остане со своите 14-годишни синови близнаци Матео и Валентино, кои ги имаше пред да ја почне врската со Џон како самохран родител.

Поранешниот пар испрати заедничка изјава за магазинот: „Решивме да ставиме крај на бракот со љубов, почит и достоинство за нашите деца и ценејќи го сето она што го искусивме како пар сите овие прекрасни години“.

„Наша најголема желба сега е да продолжиме да имаме здрава семејна динамика и врска фокусирана на мир и пријателство за да продолжиме со заедничкото воспитување на нашите деца зачувувајќи ги почитта и љубовта што ги имаме еден кон друг“.

Рики (51) првпат се поврза со 38-годишниот уметник на „Инстаграм“ во 2015 година, а врската ја почнаа шест месеци подоцна кога се сретнаа лично во Лондон, со што нивната романса беше официјализирана на црвениот тепих на свечената гала Аmfar Inspiration 2016.

Треба да знаете
Последни објави