Вучиќ од Макрон побарал дополнителен ангажман за да се реши тензичната ситуација во Косово

Побарав од Емануел Макрон да вложи дополнителни напори за приштинската страна да се вразуми и да се врати во рамките на конкретни разговори, рече Александар Вучиќ, претседателот на Србија кој денеска телефонски разговарал со својот француски колега.

-Како и секогаш, отворен и сериозен разговор со претседателот Макрон, кому му ги претставив последиците од опасниот развој на ситуацијата на Косово и Метохија, изјавил Вучиќ пренесуваат српските медиуми.

Вучиќ нагласил дека Србија останува посветена на дијалогот и зачувувањето на мирот, иако српската заедница во Косово е единствената етничка група во Европа која е изложена на постојано насилство.

Српскиот претседател му се заблагодарил на Макрон за неговата подготвеност да го сослуша Белград, како и за неговата решеност да се ангажира дополнително со цел да се вразуми Приштина за да се реши исклучително сложената и пред се опасна ситуација на Косово.

Треба да знаете
Последни објави