Од вечерва формиравме кризен штаб и ѓубрето што се натрупа од блокадата на Комунална хигиена ќе биде итно расчистено, изјави Данела Арсовска градоначалничката на Скопје, по вечерашната седница на Кризниот штаб.
„Вечерва стана јасно кој ги организира и кој стои во блокадата за нерасчистувањето во Скопје. Тоа го прави лично Христијан Мицковски со неговите градоначалници. Ви ветувам рече таа со Кризниот штаб што го формиравме прво ќе го расчистиме ѓубрето, а потоа ќе расчистиме како што рече и со такви политичри каков што е Мицковски, додаде Арсовска во своето обраќање.
Градоначалничката на Скопје порача дека претпријатието „Комунална хигиена“ се враќа во нормала. На лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, му посочи дека за политички поени прво креира проблеми, а потоа се преправа дека ги решава. Арсовска за Мицкоски рече дека е најголемо ѓубре, а од вечерва ќе почне и со негово чистење.
„Мафијашки структури ја блокираат работата на Комунална хигиена поради лични интереси. Станува збор за лица кои повеќе од 15 години работеле само една смена – трета смена, спротивно на закон и Колективен договор. Повеќемина од нив не доаѓале на работа, сега дел од нив ја блокираа работата и не дозволуваат останатите 1.300 да ја работат работата. Иако нема најавено штрајк, тие извршија мафијашка блокада“, рече Арсовска.
Во врска со снимката на Косана Мазнева, директорка на „Комунална хигиена“ рече дека била во право кога кажала дека ќе се појават стаорци поради нечистење на отпадот.
„Вчера ниту институциите не ја спречија незаконската блокада. Ова е знак дека ниту правдата не функционира“, додаде Арсовска.
Комунална хигиена е веќе во нормала, функционира смената, се надеваме од утре ќе работи во целосен капацитет, додаде градоначалничката.
„Нема да дозволиме интересите на мафијашите да бидат пред интересите на граѓаните. Сакам да му порачам на Мицкоски дека е разобличен вечерва, бидејќи сака да креира проблеми на грбот на граѓаните, за политички поени. Таквите политичари се најголемото ѓубре. Од вечерва со чистењето на ѓубрето, ќе ги чистиме и нив“, посочи Арсовска.