Уставни измени нема да има, СДС една година се грижи само за интересот на Бугарија, ги одби сите предлози кои значеа заштита на Македонските интереси.
СДС една година одбива секакви предлози од ВМРО-ДПМНЕ кои значеа конструктивност, како примена на Хрватскиот модел на Устав, на кој првин самите се повикуваа, за на крај да избегаат.
СДС не прифати ниту еден од двата предлога на заштита на Македонските интереси преку, 1. Одложено важење на уставните измени со приемот на Македонија во ЕУ, 2. Барање на гаранции за нашиот идентитет, јазик и историја од европските институции, барање од Бугарија да реализира 3 пресуди на ЕСЧП за правата на Македонците, барање пакет финансиска помош за државата.
Се што значеше подобра позиција за Македонија беше одбиено од СДС. СДС наместо за Македонија гледаше што е подобро за Бугарија.
Состојбата дојде до крај, потребни се избори, за Македонија да тргне напред, со СДС тоа не е можно.