Еколошка катастрофа е она што деновиве му се случува на Скопје.
Додека траат препукувањата во Комунална хигиена меѓу вработените и директорката Косана Мазнева, а Данела Арсовска мува не ја лази, Скопје се дави во ѓубре.
Преполни контејнери, ѓубре околу нив но и на други јавни површини се секојдневие во секоја скопска општина.
Високите температури придонесуваат ѓубрето да шири и неподнослива реа, но и за развој на бактерии кои можат да предизвикаат зарази кај животните и луѓето.
Скопјани со право се револтирани но за сега никој од надлежните не го слуша нивниот глас.