Бродот „Бутринти“ уште еднаш покажа висока професионалност во својата мисија во водите на Егејското Море. Заедно со грчки и турски брод, екипажот на бродот „Бутринти“ спаси 55 мигранти од гумен чамец кој бил во опасност да потоне, објави на својот Фејсбук профил албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши.
Посочува дека во оваа спасувачка акција се покажала непоколебливата посветеност за спречување на загуба на човечки животи и подготвеност да се помогне во вакви итни ситуации.