„Покачи ни ги платите и врати ни ги колегите“ – директорката на Комунална со полиција се соочи со вработените

Директорката на Комунална хигиена, Косана Мазнева синоќа со полиција стигна во дирекцијата на Јавното претпријатие, барајќи прекин на бојкотот на вработените, додека тие и порачаа да им ги покачи платите и да ги врати вработените.

Ова се случува откако директорката на Комунална хигиена не им го продолжи договорот на стотина лица, за кои тврди дека 20 години земале плата, а не оделе на работа. Таа вчера кажа и дека од нив добивала закани по живот. Обвини дека оваа група им се заканува на останатите вработени да не излегуваат и да работат и затоа вели таа, на 40 степени во среде лето не се собира ѓубрето и се загрозува здравјето на граѓаните на Скопје.

„Разговаравме за револтот и попречувањето на работниот процес, што е спротивно на законот. Ќе разговараме од понеделник. Работата треба да продолжи, а законите мора да се почитуваат“, изјави Мазнева по посетата во дирекцијата, по што еден од вработените ја прекина довикувајќи: „исполни ги условите, покачи ги платите“.

Вработените потоа продолжија: „Покачи ја платата 50 отсто и веднаш излегуваме на терен. И врати ги вработените“.

Директорката им одговори дека ќе добијат К15.

Додека си заминуваше продолжија да се слушаат извици: „Покачи ја платата“.

Вработените трет ден одбиваат да работат и бојкотираат, а градот се гуши во смет.

Треба да знаете
Последни објави