Рускиот тенисер Андреј Рубљов се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон откако во неверојатен натпревар против Александар Бублик славеше со 3-2 закажувајќи средба против подобриот од мечот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Хуберт Хуркач, кои настапуваат вечерва.
Русинот по пласманот меѓу најдобрите осум екипи ги прокоментира следните противници за кои вели дека нема да биде лесно, но ќе даде се од себе за место во полуфиналето.
-Што да кажам за следниот меч? Ако тоа биде Новак тој е еден од најдобрите играчи на трева, играч кој во претходните неколку години нема пораз на оваа подлога. Нема што посебно да се каже, одам да се борам, да дадам се од себе и да ја завршам мојата задача. Ако тоа буди Хуби, играв со него повеќе пати и сите тие дуели беа прилично тесни. Ме победи неколку пати, јас го победив неколку пати. И против него ќе биде исклучително тешко, вели Рубљов.
И Јаник Синер се пласира меѓу осумте најдобри со победата против Даниел Елахи Галан 3-0 (7-6, 6-4, 6-3).