Фејсбук статус на колумнистот Ненад Јовановиќ
-Знаете што е најпоразително? Тоа што Шилегов го заменија со Арсовска. И тоа го направија луѓе кои се занесуваа дека се нешто опасно образовани и учени, а се заради своите инфантилни политички ставови. Град Скопје ако не може сметот да го среди, тоа и не е град, објави денеска активистот и колумнист Ненад Јовановиќ на својот фејсбук-профил во врска со еколошкиот хаос што го зафати главниот град со преполните контејнери и исфрленото ѓубре околу нив.
Читав некаде што е тоа метропола. Имено, метропола која не може да организира концерт на Ролинг Стоунс, метропола во кој нема Мек драjв, тоа не е метропола. Тоа е нешто кое посакува да биде метропола. А метропола на лични желби не може да биде метропола, пишува Јовановиќ.
Тој ја завршува својата објава со зборовите „Скопје, љубов моја. Извини од лично име“.