Дел од вработените ќе штрајкуваат, но автобусите ќе возат редовно, уверуваат од ЈСП

Скопје утре нема да остане без јавен превоз, тврдат од ЈСП Скопје по информациите кои се појавија во медиумите дека дел од вработените во ЈСП  ќе  започнат со штрајк кој ќе трае до 12.30 часот и дека тоа ќе се одрази на редовното одвивање на градскиот превоз.

Јавниот градски превоз ќе функционира редовно. Апелираме до медиумите да бидат одговорни и да не шират лажни вести и паника кај граѓаните. Истовремено, сакаме да потенцираме дека причината за штрајк на новоформираниот синдикат, четврти по ред, е нелегитимна бидејќи од 1 јуни зголемена е платата на сите вработени во ЈСП – информираат од ЈСП.

Штрајкот го најави еден од синдикатите во ЈСП кој соопшти дека итиот е легално пријавен и ќе трае до 12.30 часот, но доколку дотогаш никој не ги прими на средба штрајкувачите, автобусите нема да излезат на улиците. Тие бараат усогласување на платите на сите вработени со порастот на минималната плата и исплата на прекувремени работни часови.

Треба да знаете
Последни објави