За над 1,3 милијарди евра била тужена државата во судски постапки пред Арбитражниот суд во Париз во последните шест години

Над 1,3 милијарди евра се вкупните побарувања на странски компании во постапки пред Арбитражниот суд во Париз во кои како тужен се јавува Република Северна Македонија. Станува збор за побарувања во седум предмети покренати од 2017 година до сега, односно откако е формирано Националното координативно тело за арбитражни постапки на чие чело е заменик премиерот задолжен за економски пршања, Фатмир Битиќи.

Од овие предмети 3 се завршени, за еден постапката е во завршна фаза, а за три постапката допрва почнува. Од завршените предмети, за тужбата на „Кунико ресурсис“ кој ја тужеше држвата за незаконски спроведена стечајна постапка на Фени Индустри и бараше отштета од околу 74 милиони евра, Арбитражиот суд донесе одлука за запирање на постапката поради доволно докази доставени од страна на тужителот. Во случајот „Бинани“ покренат од странски инвеститори во врска со стечајот на рудникот Тораница во кој се бараше отштета од 250 милиони евра, тужителот ја има повлечено тужбата, а Судот досуди истиот на Македонија по основ на судски трошоци да и плати над 700.000 евра, од кои се наплатени 300.000 евра, а за другите потапката е во тек. Тужителот се обиде да покрене повторно спор, но Арбитражниот суд го прекина поради фактот што истиот не ги платил тршоците од првиот спор.

Веројатно најпознат спор е оној за Рафинеријата ОКТА, во кој Хеленик петролеум ја тужеше државата за непочитување на договорот во делот на обврската за преземање 500.000 тони мазут годишно. Во првиот судски спор, покренат во 2009 година, Македонија плати отштета од 40 милиони евра, а во вториот, кој се однесува на период од 2012 до 2018 година, во кој побарувањето беше за околу 43 милиони евра, Арбитражниот суд пресуди да се платат 21 милион евра. Како што објаснува Битиќи, судот ги уважил нашите агументи за намалениот обем на производство на Рафинеријата и нејзиниот прекин со работа како Рафинерија. За исплата на долгот во тек се преговори меѓу двете страни.

Сé уште ативен, но во заврна фаза е „историскиот спор“ во кој извесен Блажо Тасев од Словенија ја тужи државата и бара отштета од дури 492 милиони евра за експропријација на имотот на рудникот Саса направена пред неговата експропријација.

Најнови спорови се оние за рудникот Казандол каде државата го раскина договорот за концесија за ископ на бакар, злато и сребро и каде украински инвеститори бараат отштет од 78 милиони евра, потоа тужбата на турската компанија Гама гуч против ТЕ-ТО, каде тужбеното брање е во висина од 5 милиони евра, како и тужбата за раскинување на договорот со Инсо системи и Министерството за здравство за  изградба на новиот Клинички центар „Мајка Тереза“, потпишан во 2017 година во кој се бара отштета од 18,9 милиони евра.

Според Битиќи, државата посветува сериозно внимание на овие спорови и ангажира реномирани светски адвокатски канцеларии сé со цел да се избегне плаќање огромни тужбени побарувања. Во таа насока, во план е формирање и посебно тело кое ќе настојува евентуални спорови да се превенираат за да се избегне Арбитражата во Париз.

Треба да знаете
Последни објави